Лукашенко: Никогаш нема да се откажеме од рускиот јазик

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека во секојдневниот живот Белорусите го користат рускиот јазик за комуникација.

Претседателот на Белорусија Александар Александр Лукашенко изјави дека огромно мнозинство Белоруси го користат русиот јазик во секојдневниот живот, соопштува прес-службата на лидерот на Белорусија.

„Тоа што не го забораваме белорускиот јазик, така и треба да биде. Добро е што Белорусите имаат свој јазик. Зошто да нѐ прекоруваат за тоа? Иако кај нас огромно мнозинство луѓе разговараат на руски и во секојдневниот живот кај нас јазикот на комуникација е рускиот. Но, нагласувам – тоа не е рускиот јазик. Тоа е нашиот заеднички јазик што го создававме со години. Тој се усовршува, се развива како жива материја. И ние заедно имаме многу вложено во усовршувањето на тој јазик. Никогаш нема да се откажеме од него“, изјави Лукашенко.

„Но имаме и свој национален белоруски јазик, мајчиниот јазик на Белорусите. Него го знаат и многу Белоруси кои живеат надвор од границите на нашата земја. Затоа овде е сѐ во ред и сѐ е под контрола“, додаде белорускиот лидер, пренесува порталот „Шариј.нет.“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња