ФСБ соопшти дека го уапсила во Москва Акрам Азимов, постариот брат на еден од организаторите на терористичкиот чин во метрото во Санкт Петербург и, исто така, раскажа за неговата улога во подготовката на нападот.
Од ФСБ истакнаа дека „Акрам Азимов помагал во трансферот на паричните средства искористени при подготовката на терористичкиот акт, како и во организирањето на канал за комуникација со емисари на меѓународни терористички организации“.
Портпаролот на Истражниот комитет на Русија Светлана Петренко, од своја страна, изјави дека со Акрам Асимов работат иследници. Според неа, во моментов на листата обвинети за терористичкиот напад во метрото во Санкт Петербург фигурираат 10 луѓе, пренесува „Интерфакс“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче