Претседателот на Русија Владимир Путин, канцеларката на Германија Ангела Меркел, претседателот на Франција Франсоа Оланд и претседателот на Украина Петро Порошенко изјавија дека ја поддржуваат „Минската спогодба“, се вели на сајтот на Кремљ.
Лидерите на земјите го поздравија новото примирје во Донбас, потенцирајќи ја важноста на неговото почитување, а исто така повикаа да продолжи работата за размена на заробеници според формулата „сите за сите“.
Путин, Меркел, Оланд и Порошенко изразија жалење што набљудувачите на ОБСЕ се соочуваат со закани при работата во Донбас.
Се истакнува дека Оланд добил благодарност за својата работа во рамките на „Нормандиската четворка“. Страните изразија надеж дека „четворката“ ќе продолжи со работа и по изборот на новиот француски претседател.
Од своја страна, Оланд повика на прекин на огнот во Донбас, што ќе придонесе за создавање на услови за решавање на политичките прашања, пренесува „Взгљад“.
Париз исто така изјави дека нема алтернатива за „Нормандискиот“ формат за решавање на конфликтот во Донбас, се вели во соопштението на Елисејската палата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче