Осомничениот за организирање на терористичкиот напад во метрото во Санкт Петербург Аброр Азимов е пронајден благодарејќи на вклучен телефон, пишува „Комерсант“, повикувајќи се на свои извори.
Според информациите на весникот, Азимов е издвоен при проверката на контактите на извршителот на нападот Акбарџон Џалилов. Пред да ја активира бомбата терористот го повикал токму Азимов, очигледно за да му соопшти дека е подготвен за акција.
„Комерсант“ пишува дека по осомничениот се трагало неколку дена затоа што по експлозијата се притаил: не доаѓал во станот што го изнајмил и се ослободил од сите телефони.
На 17 април осомничениот купил нови мобилни телефони и сим-картички. Со активирањето на едната од нив ја открил локацијата на која се наоѓал.
Истиот ден Азимов беше приведен.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче