„Се разбира, постои голема сфера на соработка. Соработувавме со руските пријатели мошне долго време“, изјави Брајан Браун, претседател на Националната организација за брак која се занимава со пропагирање на традиционалните семејни вредности и борба против истополовиот брак.
За религиозните конзервативци кои чувствуваат дека ги губат „војните на културите“ во Америка, овие теми се поважни од геополитичките стравови на републиканските „јастреби“ по повод улогата на Русија во Сирија и Украина.
„Путин е радикален противник на хомосексуалните бракови, тема која ги вознемирува американските конзервативци кои се плашат од истиснувањето на нивните вредности од американскиот мејнстрим“, потенцираат авторите на статијата. Трамп, пак, од своја страна, ги смета геј-браковите за „етаблирани“.
„Путин зборуваше на теми кои навистина се важни за христијанските конзервативци и го прават идеолошки „сојузник“, истакнува Семјуел Чарап, политиколог во Истражувачкиот центар „Ранд“.
Поддршката за Путин, исто така, доаѓа од другите делови на американскиот конзервативно движење. На пример, поранешниот кандидат за претседател на САД, сенаторот Ренд Пол, повикува на откажување од конфронтација со Москва и изградба на „потопли односи“. А ултрадесничарските националистички групи, кои го поддржаа доаѓањето на Трамп на власт, со одобрение гледаат на „националистичката политика на Путин како во Русија, така и на меѓународната сцена“. Според резултатите од анкетите во февруари, од 2015 година поддршката за рускиот претседател меѓу американските републиканци порасна од 12 на 32%.
Во 2013 година многу американски конзервативци го поздравија рускиот закон за забрана на „пропагирањето хомосексуализам“, додека Врховниот суд на САД ги легализираше хомосексуалните бракови. Американските христијански конзервативци понекогаш избегнуваат да изјават за нивните симпатии спрема Путин, пишуваат авторите на статијата.
„Не мора значи дека задолжително маршираме заедно со Русите на парадите на авенијата „Медисон“ во Њујорк“, изјави претседателот на Центарот за семејство и човекови права Остин Рус. „Не избирате со кого ќе соработувате“, резимира политичарот, пренесува RT.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче