„Телеграф“: Русија и Кина ќе внимаваат на „армадата“ на Трамп крај Кореја

Пекинг и Москва испратија свои разузнавачки бродови кон Корејскиот полуостров, пишува „Дејли Телеграф“ повикувајќи се на јапонски медиуми. Според информациите на изданието, тие бродови треба да „внимаваат“ на активноста на американската група бродови предводена од носачот на авиони „Карл Винсон“ во регионот.

Кина и Русија испратија свои разузнавачки бродови за следење на американскиот носач на авиони кој се движи кон бреговите на Северна Кореја, соопштува „Дејли Телеграф“ повикувајќи се на авторитетни јапонски медиуми.

Како што истакнува британското издание, претходно Пекинг побарал од Москва помош за решавање на кризата на Корејскиот полуостров. Во Кина расте вознемиреноста дека американскиот претседател Доналд Трамп се стреми да започне војна со Пјонгјанг поради севернокорејските „нуклеарни амбиции“.

Вашингтон испрати во регионот поморска група предводена од носачот на авиони „Карл Винсон“ што, според експертите, треба да полужи како сигнал за властите на Северна Кореја. Во својот твит Трамп ги нарекува овие сили „Армада“ и додаде дека испратените кон корејскиот полуостров подморници се „многу помоќни од носачот на авиони“.

Меѓутоа, се потенцира во статијата, некои туроператори во Кина ги запреа туристичките аранжмани за Северна Кореја, која претходно се докажа како популарна меѓу кинеските туристи. Националната авиокомпанија „Ер Кина“, исто така, ги запре летовите за Пјонгјанг поради намалувањето на бројот на патници.

Според американските власти, во неделата, севернокорејските ракетни тестови завршија со неуспех. Но и покрај овој „очигледен неуспех“ на Пјонгајнг, експерти во Азија веруваат дека Трамп нема многу простор за маневрирање во регионот, имајќи ги предвид силите за одвраќање со кои располага режимот на Ким Јонг-Ун.

Воениот експерт на Националниот универзитетот на Тајван Артур Динг верува дека Северна Кореја ја искористи воената парада во саботата да му покаже на светот дека „нејзината програма за развој на бомби и ракети е невозможно да се смени, затоа што, како Индија и Пакистан, Северна Кореја всушност е нуклеарна држава“, пренесува RT. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња