Москва бара воздржаност од провокативни дејства на Корејскиот полуостров

Москва повика на воздржаност во однос на ситуацијата на Корејскиот полуостров.

Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков изјави дека Кремљ повикува да се избегнуваат провокативни дејствија на Корејскиот полуостров.

„Нашата позиција во наведениов случај е добро позната, таа е континуирана: ние континуирано ги повикуваме сите страни на воздржаност во оваа ситуација, ги повикуваме сите да избегнуваат какви било дејствија кои би можеле да се сметаат за провокација, се залагаме за продолжување на координираните меѓународни напори во постојните формати за регулирање на севернокорејскиот проблем“, изјави Песков, пренесува RT.

Претходно и министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изрази надеж дека Вашингтон ќе се воздржи од еднострани дејствија спрема Северна Кореја, слични на неодамнешниот напад во Сирија.

„Ние нема да ги прифатиме нуклеарните и ракетни авантуристички постапки на Пјонгјанг со кои се прекршуваат многубројните резолуции на Советот за безбедност на ООН“, изјави Лавров.

Сепак, според него, тоа не значи дека може на истиот начин да се прекршува меѓународното право.

„Затоа силно се надевам дека еднострани дејствија, слични на оние што ги видовме неодамна во Сирија, нема да има“, рече Лавров.

Лавров изрази надеж дека САД ќе ја следат линијата што претседателот Доналд Трамп „во повеќе наврати ја искажуваше во текот на својата предизборна кампања“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња