Министерството за одбрана на Русија на својот сајт ја прикажа единствената воена база „Арктички тролист“, соопшти одделението за информација и медиуми на рускиот воен ресор.
Воената инфраструктура на арктичката база, која се наоѓа островот Александар на архипелагот Земјата на Франц Јозеф, ја сочинуваат објекти за специјална намена, како и командни пунктови, гаражи за воената и специјална техника, автономниот енергетски блок, специјалните магацини и складишта за кои важи посебен режим на ограничен пристап, пренесува РИА „Новости”.
Посетителите на сајтот на Министерството за одбрана на Русија првпат можат да се запознаат со условите за живот и работа во базата, да направат виртуелна прошетка низ секој од четирите ката на станбениот комплекс „Арктички тролист”.
„Во 3Д-екскурзија низ виртуелната воена база е очигледно покажано како се организирани и опремени собите за војниците, офицерската трпезарија, салата за тренинг и салата за филмски проекции и концерти, атриумот, библиотеката, стакленикот, медицинскиот блок”, се наведува во соопштението.
Во прилогот е објавен голем број на фотографии на единствениот станбен комплекс „Арктички тролист”.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.