Лавров одговори на изјавите на помошникот на Трамп за Русија

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров ги коментираше изјавите на советникот на Трамп за национална безбедност генерал-потполковник Херберт Мекмастер дека Русија води „субверзивна активност во Европа“.

Москва ќе се ориентира според изјавите на претседателот на САД Доналд Трамп за Русија, а не според изјавите на неговиот помошник, изјави шефот на руското МНР Сергеј Лавров.

„А претседателот потврди дека сакаа да воспостави добри односи со Русија. И ние сме подготвени за тоа“, изјави Лавров, пренесува РИА „Новости“.

На тој начин министерот за надворешни работи на Русија ги коментираше изјавите на советникот на Трамп за национална безбедност генерал-потполковник Херберт Мекмастер дека Русија води „субверзивна активност во Европа“.

Притоа американскиот претседател по посетата на државниот секретар на САД Рекс Тилерсон на Москва изрази увереност дека „сѐ ќе биде во ред меѓу Русија и САД“.

Лавров потсети дека слични изјави Трамп даваше и во текот на предизборната кампања во САД.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња