„Вооружен судир на Русија и САД и НАТО, на мнозинството од нашите сограѓани (63%) сѐ уште им се чини невозможен или крајно малку веројатен, меѓутоа процентот на оние, кои ја сметаат војната за можна или веќе во тек, достигна 30%“, се вели во материјалите на истражувањето, пренесува РИА „Новости“.
Така, 16% од анкетираните сметаат дека таков судир денеска е апсолутно неверојатен, 47% за малку веројатен, уште 16% велат дека војната е сосем веројатна и може да почне, 14% сметаат дека таа е веќе во тек.
Серуската анкета на „ВЦИОМ-Спутник“ беше спроведена на 11-12 април 2017 година на 1,2 илјади испитаници со телефонско интервју. Статистичката грешка не надминува 3,5%.
Социолозите истакнуваат дека во март 2014 година една четвртина од анкетираните (25%) ја сметале војната за неверојатна, повеќе од половина (51%) изјавиле дека таа е малку веројатна, 16% ја сметале за сосем веројатна и само 4% изразиле мислење дека таквата војна е веќе во тек.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче