Авганистан бара помош од Русија за обука на армијата и полицијата

Авганистан се обрати со барање до Русија за помош во логистиката и обуката на авганистанската армија и полиција.

Авганистан побара од Русија поддршка во снабдувањето, опслужувањето и обуката на армијата и полицијата, изјави директорот на одделот за политика и стратешко планирање на МНР на Авганистан Мухамед Ашраф Хајдари.

„Го дискутиравме ова прашање во Министерството за надворешни работи на Русија и се обративме со барање да се разгледа можноста за обезбедување сервисна поддршка во Авганистан, како и материјално снабдување и обука на кадри за авганистанската армија и полицијата“, изјави Хајдари.

Хајдари истакна дека Авганистан очекува одговор за наведеното прашање во догледно време, пренесува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња