Русија и Сирија ќе снимаат игран филм

Министерството за култура на РФ соопшти дека Русија и Сирија ќе снимат игран филм насловен како „Палмира“.

Снимањето на првиот руско-сириски игран филм „Палмира“ ќе почне на крајот на годината, изјави режисерот и сценарист на филмот Иван Болотников, соопштува Министерството за култура на РФ.

Планот на режисерот е да почне со подготвителната етапа есенва, а снимањето да стартува на крајот на годината. Според Болотников, проектот е меѓународен и покрај Русија и Сирија во него ќе бидат вклучени Либан, Франција и други земји.

Во филмот се зборува за еден дагестански лекар, чиј живот се распаѓа кога неговата сопруга со малолетните ќерки тајно бега во Сирија, пренесува „Газета.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња