Британските специјални служби вработуваат луѓе кои знаат руски

На британските тајни служби им се потребни луѓе со познавање на рускиот јазик и Русија.

Центарот за владини комуникации на Велика Британија и службата за контраразузнавање МИ-5 објавија конкурс за луѓе со познавање на рускиот јазик и Русија, се соопштува на сајтот на GCHQ.

„Вашето познавање на рускиот јазик може да отвори привлечна кариера во разузнавањето. Стапувајќи во редовите на е МИ-5 или Центарот за владини комуникации, можете да одиграте клучна улога во заштитата на Обединетото Кралство“, се вели во текстот на официјалното соопштение што го пренесува „Газета.ру“.

Центарот, исто така, објави дека работните обврски на тие кои ќе се пријават за ова работно место ќе одат надвор од рамките на преведувањето и дешифрирањето и ќе бараат познавање на културата, историјата, политиката и идеологијата. Годишната плата на тие кои ќе го добијат работното место ќе изнесува околу 36 илјади евра.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња