Русија сака да види докази за ефикасноста на американската супербомба

Москва би сакала да види докази за ефикасноста на американскиот напад со супербомба врз позициите на терористичката организација „Исламска држава“ во Авганистан, изјавија од Министерството за надворешни работи на Русија.

„Не сум стручњак за експлозивни направи, не е моја задача да давам оценки. Тоа можат да го сторат само воени стручњаци“, изјави за „Интерфакс“ специјалниот претставник на претседателот на РФ за Авганистан и директор на Вториот оддел за Азија на МНР на Русија Замир Кабулов, коментирајќи го нападот на САД врз позициите на ИД во Авганистан.

„Ние би сакале да видиме докази“, истакна тој.

Одговарајќи на прашањето дали ја споделува позицијата на поранешниот претседател на Авганистан Хамид Карзаи за тоа дека САД го користат Авганистан како полигон, Кабулов изјави „личи на тоа“.

„Американците, откако се пофалија дека ја фрлиле во Авганистан најмоќната бомба, изјавуваат дека тоа е успех. Успех во што? Во тоа што бомбата експлодирала?“, изјави дипломатот. „Што постигнавте? Колку ИДИЛ-овци ликвидиравте? Кога ќе има докази, тогаш ќе има и предмет за дискусија“, додаде Кабулов.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња