Генералот Кујат изјави дека западните земји зборуваат само за заминувањето на Асад, но не и за околностите под кои тоа ќе се случи. Генералот потсетува дека Русија уште во 2015 година укажуваше на потребата пред сѐ да се воспостави примирје во Сирија, да се формира преодна влада и да се организираат слободни избори. Прашањето беше дали во изборите ќе може да учествува и Асад.
Според Кјат, последните изјави на администрацијата на САД или земјите од Г-7 не даваат објаснување за ова прашање, пренесува „Взгљад“ повикувајќи се на ServusTV.
Ако Асад, како што сметаат на Запад, задолжително биде „повикан на одговорност“, тогаш мировниот процес треба да се одвива без него, но во моментов без Асад „сириската армија ќе се распадне и повеќе ќе нема копнени сили способни да ја победат ИД“, а Западот е заинтересиран за победа над ИД, изјави генералот.
Тој изразува увереност дека Москва и Вашингтон „треба да го најдат патот“ до победата над ИД.
САД во последно време даваат противречни изјави како треба да се реши судбината на Асад.
Кујат се чуди како Трамп, чиј избор беше поздравен од Русија, а на Запад дочекан негативно, сега, по ракетниот напад врз Сирија, стана херој за Западот.
„И одеднаш по воздушниот напад врз сирискиот аеродром тој станува херој на Западот. Треба да се запрашаме каква политика и какви гледишта спроведуваме?“, изјави Кујат.
Генералот потсетува како Трамп беше повикуван да ги почитува западните вредности, но ракетниот напад врз суверена држава при отсуство на докази за вината на Дамаск за нападот со хемиско оружје во Идлиб е прекршување на западните вредности. Меѓутоа, Трамп „сепак станува миленик на сите западни шефови на држави и влади, а исто така и на медиумите“.
„Зар тоа не е чудно?“, потенцира Кујат.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче