„Бизнис Инсајдер“:Русија има свој одговор на MOAB – „таткото на сите бомби“

Откако САД ја применија во Авганистан моќната ненуклеарна бомба GBU-43, позната како „мајка на сите бомби“, авторитетниот портал „Бизнис Инсајдер“ потсети дека во светот постои помоќна бомба.

Се работи за авионската вакуумна бомба со зголемена моќност (АВБПМ), со каква, како што се тврди, располага Русија. Неофицијалното име ѝ е „Татко на сите бомби“. Голем број на светски медиуми тврдат дека тоа е најмоќна ненуклеарна боева глава на планетата, пишува Defence.ru.

Авионската вакуумна бомба со зголемена моќност (АВБПМ) беше тестирана на 11 септември 2007 година. Бомбата беше фрлена од стратешки бомбардер Ту-160.

Во споредба со американскиот аналог, руската бомба е со помала тежина, но поради користењето на нанотехнологиите е 4 пати помоќна  (44 тони ТНТ наспроти 11 тони на MOAB) и е во состојба да се истовремено да погоди 20 пати поголема површина.

Температурата во центарот на експлозијата на руската АВБПМ е 2 пати повисока од онаа на MOAB, радиусот на уништување е исто така двојно поголем.

AВБПМ е споредлива според деструктивната моќ на експлозијата со тактичко нуклеарно оружје.

Потсетувајќи на руската бомба, „Бизнис Инсајдер“ констатира дека САД „едноставно фрлија во Авганистан обична авионска бомба“.

Претходно американската авијација ја употреби бомбата GBU-43 против милитантите на терористичката група ИД во Авганистан. Претседателот на САД Доналд Tрамп изјави дека мисијата била „многу успешна“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.