МНР: Вовлекувањето на Црна Гора во НАТО штети на стабилноста во Европа

Москва ја смета длабоко погрешна и штетна за европската стабилност линијата за зачленување на Црна Гора во НАТО, соопшти Министерството за надворешни работи на Русија.

Претходно беше соопштено дека на 11 април претседателот на САД Доналд Трамп го потпиша законот за ратификација на веќе потврдениот од американскиот Сенат протокол за стапување на Црна Гора во НАТО.

„Го сметаме овој чекор како манифестација на инерција во политиката на Вашингтон кој ја одразува логиката на конфронтација на европскиот континент и создавање нови линии на поделба“, се вели во коментарот на МНР на РФ објавен во четвртокот.

„Ја сметаме линијата за вклучување на Црна Гора во НАТО за длабоко погрешна, која противречи на фундаменталните интереси на народот на таа земја, која нанесува штета на стабилноста на Балканот и во Европа во целина“, се истакнува во соопштението.

МНР на РФ смета дека вовлекувањето на Црна Гора во НАТО се врши без да се зема предвид реалното мислење на народот на таа балканска земја.

„Истакнуваме дека дури и во САД сѐ посликовито се слуша критиката за провлекувањето на црногорското членство во НАТО, се изразуваат основани сомневања дека тој чекор ќе оди во полза на самата Алијанса и европската безбедност“, се вели во коментарот што го пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња