„КП” од Сирија: Коалицијата на САД погоди магацин со хемиско оружје

Во воздушен напад на американската коалиција, според податоците на сириската војска, загинале стотици луѓе, вклучувајќи и цивили.

Официјалното соопштение за овој воздушен напад беше објавено од Генералштабот на Сирија во четвртокот. Во него се вели дека на 12 април околу 17:30 часот авиони на американската коалиција нападнале камп на терористите на „Исламската држава“ во провинцијата Деир ез-Зор на североистокот на Сирија. Според сириската војска, во моментот на нападот имало голем број на странски платеници. Но заедно со нив во нападите на воздухопловните сили на коалицијата предводена од САД се уништени магацини со оружје и муниција, меѓу кои имало и токсични материи, пишува „Комсомолска правда”.

„На местото на нападот се формираше бел облак, а потоа жолт, што укажува на голема количина отровни материи“, се вели во соопштението на Генералштабот на Сирија. „Пожарот траеше до 22:30 часот“.

Точниот број на жртви е непознат, но во соопштението се наведува дека станува збор за стотици луѓе. Притоа под влијание на хемиското оружје се нашле и терористите, и цивилите во селата во близина.

Градот Деир ез-Зор веќе неколку години е буквално под опсада, опкружен од терористите на „Исламската држава“. Дел од градот е под контрола на сириската војска, а дел е под терористите. Градот се снабдува само со помош на руската авијација, која од транспортни авиони Ил-76 фрла храна и лекарства во градот. Последната партија храна беше испорачана токму дента на 12 април, кратко време пред нападот на американската коалиција.

Овој напад индиректно ја потврдува верзијата на Министерството за одбрана на Русија дека терористите располагаат со големи количини на хемиско оружје. На 7 април сириската авијација изврши напад врз терористите во провинцијата Идлиб. Подоцна  медиумите објавија снимки од последиците на употребата на хемиско оружје. Западот го обвини Дамаск за примена на отровни материи, иако рускиот одбранбен ресор соопшти дека бомбите на сириската авијација погодиле магацин на терористите каде се чувал сарин (иако имаше и верзија дека терористите самите ја инсценираа оваа трагедија). Потоа разурнувачите на САД истрелаа 59 ракети врз воздухопловната база Шајрат на сириската војска, тврдејќи дека од тој аеродром е извршен нападот во близина на Идлиб.

Судејќи според сѐ, американската коалиција во средата погодила сличен магацин со отровни материи. Но поради некоја причина таму не се најдоа „Белите шлемови“ за да ги забележат последиците од тој напад.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња