„Мислењата за тоа дали Владимир Сафронков имаше право да постапи така, се поделија. Интернетот експлодираше од возбудените коментари на шокираните почитувачи на дипломатскиот протокол, кои почнаа да зборуваат за опаднатото ниво на професионализам по смртта на Виталиј Чуркин. Сепак портпаролот на Владимир Путин Дмитриј Песков го поддржа рускиот постојан претставник, изјавувајќи декa „ништо навредливо не беше кажано“.
Поделеноста на мислењата е потполно разбирлива. Владимир Сафронков, кој покажа толку чудно однесување, самиот прибегна кон средство – политичкиот гест.
За разлика од стандардните алатки на дипломатска комуникација (изјава, говор и обраќање), политичкиот гест може да има знаци на емотивно обоено импулсивно дејство со елементи на перформанс, во кој доминира личното начело.
Чевелот на Хрушчов во салата за седници на ООН, вртењето над Атлантикот на авионот на Евгениј Примаков кој леташе за САД – листата со примери може да биде продолжена... Најпосле, со политички гестови стана претседател и Доналд Трамп.
Политичкиот гест е драстична последна опција која може да имаат силни несакани ефекти. Но кон тоа се прибегнува кога не делуваат другите средства за пренесување на својот став, а обидите да е биде слушнат завршуваат без резултат.
Руската дипломатија, која за Сирија води во Советот за безбедност тешки борби како заштитница, мораше да демонстрира дека нападот е најдобрата одбрана.
Притоа шокантниот за некои манир на Владимир Сафронков беше обид да се поттикне Советот за безбедност на „разговор на отворено“, покажувајќи како е се прави тоа кај нас, Русите“, ја заклучува својата анализа Строкањ за „Комерсант“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче