Трамп: Ако Русија не ги поддржеше тие животни, ќе немаше проблеми во Сирија

Ако Русија не интервенираше и да го поддржеше Башар Асад – „тоа животно“ – сега немаше да има проблеми, изјави претседателот на САД Доналд Трамп во ексклузивното интервју за „Фокс Бизнис“. Покрај тоа, тој изјави дека САД немаат планови за воена интервенција во Сирија.

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека нема планови за инвазија на Сирија, без оглед на воздушниот удар врз сириската воен база кој Вашингтон го изврши минатата недела.

Во ексклузивното интервју за „Фокс Бизнис“ Трамп потенцираше: „Ние немаме намера да влеземе во Сирија. Но, кога гледам како луѓето го употребуваат тоа ужасно, ужасно хемиско оружје... а татко ги држи в раце своите мртви убави деца... или се гушат деца, борејќи се со смртта... Кога го видов ова, веднаш му се јавив на генерал Матис“.

Трамп призна дека го направил она што „одамна требаше да го преземе администрацијата на Обама“. Покрај тоа, претседателот на САД ја нарече Русија, чии власти го поддржуваат сирискиот претседател Башар Асад, виновна за проблемите во таа блискоисточна земја.

„Доколку Русија не се вмешаше и не го поддржеше тоа животно (Асад), проблеми сега немаше да има“, изјави Трамп, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња