„Њујорк Тајмс“: Трамп докажа дека не е „алатка на Русите“

Острата промена во ставот кон Русија – од „пријатно“ разбирање до конфронтација - беше неочекувана, дури и со сета непредвидливост на претседателствувањето на Трамп. „Тоа беше како удар со камшик“, пишува „Њујорк Тајмс“.

„Пред една недела претседателот Трамп го обвинија дека е алатка на Русите, несвесен агент на влијание, толку восхитен од претседателот Владимир Путин, што го бранеше од критичарите кои го нарекуваа (Путин) убиец. Но, сега Трамп е во дипломатска конфронтација со Русија на Путин, администрацијата ја обвинува Москва за обид да ја скрие употреба на сириското хемиско оружје против цивили“, се вели во материјалот на „Њујорк Тајмс“.

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон ѝ постави ултиматум на  Москва - или ние (САД) или тие (Асад и неговиот „режим“), констатира изданието.

Односите со Москва, кои се влошени поради обвинувањата за „мешањето во изборите“,  ја преживеаја надежта за ресетирање, но сега повторно потсетуваат на студената војна, истакнува весникот. Острото свртување „докажа колку беа лажни изјавите“ за некаков заговор за доведување на Трамп на власт. Весникот го цитира синот на претседателот на САД Ерик Трамп, кој изјави: ако се потврд дека зад нападот со хемиско оружје стојат  сириските власти, тоа ќе го потврди фактот дека (во американската политика) нема „руски трага“.

Острата промена во ставот кон Русија – од „пријатно“ разбирање до конфронтација - беше неочекувана, дури и со сета непредвидливост на претседателствувањето на Трамп. „Тоа беше како удар со камшик“, пишува „Њујорк Тајмс“.

„Јас бев скептична во однос на тоа дека САД и Русија би можеле да почнат успешно ресетирање по сето она што се случи во текот на последните неколку години“, изјави за „Њујорк Тајмс“ Анџела Стент, поранешна припадничка на националното разузнавање, специјализирана за Русија, а сега вработена во Универзитетот „Џорџтаун“. „Неверојатно е колку брзо се вративме на статус кво, како што имавме на крајот на претседателствувањето на Обама“, истакнува Стент.

Поранешниот амбасадор во Москва Џон Баерли, напротив, смета дека со „крајностите во односите“ се претерува и дека процесот на соработка повторно ќе влезе во „средниот колосек“.

Весникот забележува дека Трамп е четвртиот претседател по ред кој, доаѓајќи на својата функција, решава да ги ресетира односите со Москва. „Разликата е во тоа што хакирањето на електронската пошта на демократите за време на минатогодишните избори, во кој разузнавачките служби ја обвинуваа Русија, ги направи топлите односи на Трамп и Путин политички проблематични“, укажува весникот.

Изданието, меѓу другото, се сеќава на подготвеноста на Трамп да не ја забележува „анексијата“ на Крим и наводната руска „вооружена интервенција на истокот на Украина“. Изненадување предизвика и фактот што Трамп досега ја толерираше поддршката на Русија за сирискиот претседател Башар Асад. „Њујорк Тајкс“ потсетува и на комплиментите на Трамп на адреса на Путин. Сето ова, заклучува изданието,  и доведе до заклучоците кои се слични на оние на поранешниот вршител на должноста шеф на ЦИА, Мајкл Морел: „Трамп беше „несвесен агент на влијание“ на Москва.

Сега Морел го повлече епитетот и констатираше дека „однесувањето на Русија“ ќе доведе до раскин со САД. „Тоа, изгледа, се случува сега“, истакнува екс-директорот на ЦИА. Но, констатира Морел, Трамп му ја довери таа мисија на Рекс Тилерсон.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња