Лавров ги научи на манири американските новинари

Портпаролот на МНР на Русија Марија Захарова изјави дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров пред церемонијата на протоколот со државниот секретар на САД им одржал лекција по пристојно однесување на американските новинарки кои, според неа, се однесувале како на „пазар“.

„Шефовите на дипломатиите влегоа во салата.

 „Мистер Лавров! Мистер Лавров!“, од сите страни очајно повикаа американските новинарки од пулот на државниот секретар. Палатата се затресе. Таков „панаѓур“ неговите столетни сводови не паметат.

„Кој ве учеше на такви манири?“, праша шефот на руското МНР, напиша Захарова на „Фејсбук“.

Таа истакнува дека по забелешката на Лавров сите замолкнале.

„Лавров одржа говор, му даде збор на американскиот колега, направи пауза и рече: „Сега можете да викате ако сакате“, пишува Захарова, пренесува RT.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња