Пример за тоа, според Бортников, се веќе извршените терористички напади во Велика Британија, Шведска, Египет и Русија.
Истовремено руските специјални служби успеале во 2016 година да спречат 16 терористички напади кои требало да бидат извршени од државјани на ЗНД. Според податоците на ФСБ, успешно се спречени терористички напади во Москва, Санкт Петербург, Краснојарск, Екатеринбург, Тула, Уфа, Сочи, Новосибирск и Нижни Новгород. Вкупно се ликвидирани 46 ќелии на меѓународни терористички организации.
Шефот на ФСБ истакна дека во моментов основниот костур на терористичките групи во РФ почнале да го сочинуваат работници-мигранти од државите на ЗНД. „Дел од нив поминаа обука и учествуваа во борбените дејствија во Сирија и Ирак. А по пристигнувањето во нашата земја започнаа активна работа на врбување во мигрантската средина, регрутирајќи извршители на терористички напади во руските региони“, објасни Бортников.
Говорејќи за терористичкиот напад во петербуршкото метро, директорот на ФСБ изјави дека осуммината приведени во врска со овој напад се членови на конспиративни ќелии. Сите тие се доселеници од Централна Азија и кај нив е пронајдено и одземено големо количество оружје и муниција.
„Во моментов се трага по организаторите и можните помошници на терористите“, потенцираше директорот на ФСБ, пренесува „Росијскаја газета“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче