RT: Северна Европа исплашена од џиновската руска нуклеарна подморница

Иако покрај норвешкиот брег пловат голем број нуклеарни подморници, ова е посебен случај, тврди еколошката организација на Норвешка и бара да ѝ се забрани на руската подморница „Дмитриј Донски” да помине покрај скандинавските брегови.

Русија планира летово да ја префрли во Санкт Петербург најголемата нуклеарна подморница на светот. Подморницата „Дмитриј Донски“ треба да помине од Белото море до Балтичкото море покрај бреговите на скандинавските земји. Оваа вест предизвика незадоволство кај еколошките организации, кои се за RT изјавија дека се загрижени поради присуството на нуклеарно оружје на подморницата и дека ќе се обидат да го спречат нејзиното присуство во близина на скандинавските земји. RT направи свое истражување за да се види дали овој страв е оправдан или ситуацијата има политички контекст.

„Дмитриј Донски“, најголемата подморница во светот долга 172 метри, ќе учествува на  Меѓународното воено-поморско шоу покрај бреговите на Санкт Петербург. Таа во моментов е во пристаништето Северодвинск и за да може да учествува во оваа манифестација, треба да помине од Белото море, по должината на бреговите на Скандинавија преку неутрални вода, и да дојде до Балтичкото море. Нуклеарната подморница „Дмитриј Донски“ е изградена во СССР за одбрана на земјата во случај на атомска војна. Иако е стара 40 години, таа е во одлична состојба. Опремена е со 20 ракети и 200 боеви глави.

Меѓународниот еколошки сојуз на Норвешка ги критикува руските планови и ја увери RT дека наскоро ќе преземе акција. Патем, претставници на еколозите планираат да испратат барање до владите на Норвешка, Шведска и Данска да ѝ се забрани на  подморница да се движи покрај нивните брегови.

„Ја изразуваме нашата загриженост во врска со оваа пловидба. Иако покрај норвешкиот брег поминува голем број на нуклеарни подморници, ова е посебен случај. Степенот на ризик зависи од неколку фактори, за кои во моментов немаме информации. На пример, ние сме заинтересирани за техничката состојба на подморницата, дали во текот на пловидбата ќе ги користи реакторите, дали подморницата ќе ја следат бродови кои можат да ѝ помогнат во случај да има дефект на моторите, дали на подморница ќе има нуклеарно оружје. За да добиеме одговори на овие прашања, им препорачуваме на владите на земјите, кои се наоѓаат на патот на подморницата (меѓу кои се Норвешка, Шведска и Данска) да се обратат до владата на Руската Федерација“, изјави прес-службата на организацијата за RT.

Експерти за нуклеарно оружје сметаат дека стравот на скандинавските земји од поминувањето на подморницата е од политичка природа. На пример, норвешкиот  политиколог Бјорн Нистад смета дека подморниците се во принцип „болна тема“ за скандинавските власти.

„Темата за руски подморници кои се испратени да ги шпионираат или да ги нападнат Шведска или Норвешка постојано се појавува во медиумите“, изјави експертот. „Статии за разни подморници се објавуваат толку често што се стекнува впечаток дека целото море е преполно со руски подморници. А на властите им одговара луѓето да веруваат дека ги штитат од надворешниот непријател“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња