„Њујорк Тајмс“: Иран не брза кон прегратките на Москва

Без оглед на заедничката позиција во однос на ракетните напади на САД врз Сирија и видливото зближување меѓу Иран и Русија, односите меѓу двете земји не се толку едноставни, смета „Њујорк Тајмс“.

Ракетниот напад на САД во Сирија ги зближи во очите на сите Русија и Иран, најважните сојузници на Сирија, пишува „Њујорк Тајмс“. Истовремено иранско-руските односи и не се толку сјајни.

Најпрвин Иран, како и Русија, не се согласи со американската верзија за нападот со хемиско оружје во Идлиб, според кој одговорноста за нападот лежи врз владата на Сирија. Според информациите на иранското МНР, „екстремистичките организации, особено „Џебхат ан-Нусра“ и ИДИЛ се единствените кои поседуваат хемиско оружје во Сирија. Според мислењето на изданието, Иран го смета Башар Асад за важен стратешки сојузник, а исто така не сака поголема воена инволвираност на САД во сирискиот конфликт.

Потоа Иранците го осудија ракетниот напад на САД во Сирија и повикаа на спроведување меѓународна истрага. Шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф го спореди американскиот напад со војната иницирана од Џорџ Буш Помладиот во Ирак. „САД ја поддржаа примената на хемиско оружје од страна на Садам (Хусеин) против Иран во 80-те години, а потоа преминаа на воена сила во врска со измислените обвинувања за примена на хемиско оружје: првин во 2003 година (во Ирак) и сега во Сирија“, напиша Зариф на својот „Твитер“ профил.

Иран го смета американскиот напад во Сирија за обид на Доналд Трамп да демонстрира сила и да покаже дека се разликува од Барак Обама. Во врска со тоа, Иранците се сомневаат дека тој ќе продолжи да ја бомбардира Сирија.

Истовремено, без оглед на видливото зближување, Техеран не брза во прегратките на Москва, имајќи ја предвид сложеноста на претходните односи на двете земји. Русија во повеќе наврати го има предадено Иран. Во врска со ова, тешко може да се каже дека во Русија блиска иднина ќе ги користи воздухопловните бази на Иран за своите операции во Сирија, сметаат Американците, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња