МНР на Русија не ги смета изјавите на Тилерсон за ултиматум

Москва не ги смета изјавите на државниот секретар на САД Рекс Тилерсон пред разговорите со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров за ултиматум, изјави Марија Захарова, портпарол на МНР на Русија.

„Не за ултиматум, ја сметам за политичка изјава, како покажување мускули пред почетокот на разговорите“, изјави Захарова.

Таа додаде дека таквите изјави се „целосно во насока на пристапите“ на САД, пренесува „Взгљад“.

Станува збор за изјавата на Тилерсон на средбата на шефовите на дипломатиите на Г-7. Таму тој изјави дека Вашингтон ќе бара „стратешки“ решенија за деескалација на насилството во Сирија и ја повика Москва „да се координира со САД за Сирија“.

„Се надеваме дека владата на Русија ќе сфати дека се придружила на несигурен партнер“, изјави Тилерсон.

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон во вторникот пристигна во Москва. Во среда е планирана средба со неговиот руски колега Лавров. Не е планирана средба со претседателот на Русија Владимир Путин.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња