„Во Сириската Арапска Република како резултат на напад од страна на милитантите загинаа двајца руски војници... Како резултат на експлозија на граната двајцата руски војници загинаа. За животот на ранетиот руски војник воените лекари продолжуваат да се борат“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана на Русија што го пренесува RT.
Според информациите на министерството, професионалните војници се наоѓале во една од единиците на сириската војска како инструктори за обука за гаѓање заедно со офицер – руски воен советник. Се истакнува дека биле подложени на минофрлачки напад од страна на милитантите.
Исто така се соопштува дека војниците се предложени за државни одликувања.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче