Руски сенатори ги коментираа новите „сириски“ санкции

Претседателот на комитетот за меѓународни работи на Советот н Федерацијата Константин Косачов и рускиот сенатор Алексеј Пушков ја коментираа изјавата на американскиот постојан претставник во ООН Ники Хејли дека Белата куќа почнала да дискутира за можноста за воведување нови санкции против Русија.

Според Косачов, соопштенијата дека САД ја разгледуваат можноста за проширување на санкциите укажуваат на тоа дека со ракетниот напад врз сириската воздухопловна база Вашингтон „не ги постигна сите цели што ги планирал“.

Конкретно, се работи за желбата на САД „да ги смират оние кои сакаа крв во Сирија и  други одлучувачки акции против Русија“, пренесува „Взгљад“.

Косачов предупредува дека „одејќи по нив“ Трамп „застанува на многу опасен пат“ затоа што „тие никогаш нема да се смират“. Притоа Белата куќа ризикува да ги влоши односите со Москва „на нивото на Обама, доколку го смета тоа за стандард за негатива и „дно“. На крајот, Трамп може да остане без „пат за отстапување“.

Ситуацијата во Сирија Косачов ја спореди со падот на „Боингот“ во Украина. Ако САД продолжат да преземаат дејствија против Москва, Техеран или Дамаск „како казна за Асад“, малку веројатно е дека ќе успеат да спроведат „објективна истрага“.

Косачов укажува дека тоа се случи со истрагата за авионската несреќа во Донбас, кога „санкциите против Русија беа донесени толку брзо што било која друга верзија, освен вината на Русија и/или војската на ДНР, потоа би била катастрофа и би им го зела скалпот на многумина европски политичари“.

„Трамп се става себеси во стапицата на „флагрантните одлуки“ кои ќе биде речиси невозможно да ги поврати. И да смета дека ќе биде можно да се „договори“ со Москва за време на претстојната посета на Тилерсон на Москва или за време на подоцнежниот самит меѓу двајцата претседатели, е во најмала мера, наивно“, изјави сенаторот.

Косачов смета дека Трамп ѝ предлага на Русија да го „даде“ Асад без оглед на тоа „дали тој (Асад) е виновен или не“, затоа што Трамп нема друг избор. Меѓутоа Москва веќе имплицираше дека „ќе ја земат предвид лојалноста“. Сепак, Москва веќе се изјасни дека во Сирија „не го поддржува Асад, туку се бори против тероризмот“ и дека тоа треба да се сфати буквално, како и сè што се кажува „во Москва на највисоко ниво“.

На борбата против тероризмот ѝ пречат и приказната без докази за нападот со хемиско оружје во Идлиб и ракетниот напад на САД. Косачов го советува Трамп да „престане да ги решава своите проблеми за сметка на Русија“, згора на тоа што „волците“ во Вашингтон никогаш „нема да бидат сити“, а „овците“ (нормалните односи со Москва) со таквиот пристап нема да бидат на број.

Пушков изјави на „Твитер“ дека Трамп треба да „трипати да размисли пред да воведе нови санкции против Русија“, затоа што иако притоа тој „ќе заслужи аплаузи од Меккејн“, сепак ќе ја уништи последната шанса за дијалог“.

Во однос на изјавата на Хејли, Пушков изрази уверување дека САД не ги покажале „доказите“, затоа што нема никакви податоци, „тоа е очигледен блеф, како и во случајот со Ирак“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња