Британски колекционер најде златни прачки во руски тенк

Во резервоарот за гориво на T-54/69 имало скриено пет златни прачки.

Британскиот колекционер Ник Мид најде пет златни прачки во резервоарот за гориво на руски тенк T-54/69, соопшти британскиот весник „Сан“ на 9 април.

Мид на „И-беј“ направил размена за воен камион и стар самооден топ за T-54/69. Зделката го чинела околу 37000 илјади долари. Златните прачки, од која секоја тежи по пет килограми, се проценети дека вкупно вредат околу 2,5 милиони долари.  

Мид не знаел што да прави, па ја повикал полицијата. Се смета дека златото било украдено од ирачки војници кои биле со тенкот во Кувајт во текот на Заливската војна (1990-1991). Возилото веројатно било запленето од меѓународната коалиција во која учествуваше и Обединетото Кралство. Поранешниот Советски Сојуз му има продадено на Багдад 300 тенкови Т-54 од 1959-68 година.

Мид веќе има околу 150 воени возила во неговата колекција и им дава на луѓето можност да ги возат неговите тенкови на неговата фарма во Нортхемптоншир во Англија.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња