Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу изјави дека Москва не ги презема потребните чекори во врска со прекршувањата на прекинот на огнот во Сирија, за што тој го информирал во телефонски разговор неговиот руски колега Сергеј Лавров.
„Турција останува посветена на прекинот на огнот во Сирија, но Русија мора да престане да инсистира на тоа дека Башар Асад треба да остане на функцијата лидер на земјата. Му реков на својот руски колега дека Москва не ги презема потребните чекори во врска со прекршувањето во Сирија на режимот на прекин на огнот“, изјави Чавушоглу во програмата на телевизијата TРT во неделата.
Претходно руското Министерство за надворешни работи позитивно ја оцени улогата на Анкара во регулирањето во Сирија, истакнувајќи дека „Турција е еден од гарантите на одржувањето на режимот на прекин на огнот“ и ја нарече конструктивна соработката со неа, пренесува „РИА Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче