„Ние секоја година добиваме по пет комплети ракетни системи С-400, нови радари – тоа темпо ни одговара, тече понатамошниот развој, со индустријата не стоиме во место, со забрзано темпо се разработува најновиот систем С-500 и во најскоро време ќе влезе во состав на вооружувањето на противвоздушната одбрана“, изјави Бондарев, пренесува РИА „Новости“.
Претходно началникот на Воената академија на воздушно-космичката одбрана „Жуков“ генерал-потполковнк Владимир Љапоров изјави дека Вооружените сили на Русија веќе почнале да обучуваат специјалисти за работа на С-500.
С-500 спаѓа во новата генерација ракетни системи „земја-воздух“. Тоа е универзален систем со далечен дострел и висинско пресретнување со радиус од 600 километри. Системот може истовремено да неутрализира до 10 балистички ракети кои летаат со брзина до 7 километри во секунда, како и авиони, хеликоптери и крстосувачки ракети.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.