Захарова: САД ги подготвувале нападите врз Сирија пред настаните во Идлиб

Портпаролот на МНР на Русија Марија Захарова изјави дека американскиот напад врз сириските владини сили бил претходно подготвуван, одлуката била донесена во Вашингтон пред настаните во Идлиб кои едноставно беа употребени како изговор за демонстрација на сила.

„На секој стручњак му е јасно дека одлуката за нанесување воздушни удари била донесена во Вашингтон пред настаните во Идлиб, кои едноставно беа употребени како изговор за демонстрација на сила“, се вели во изјавата на Захарова, објавена на сајтот на МНР на Русија.

„Како објаснување за вооружената акција Вашингтон во целост го искриви она што се случи во Идлиб. Американската страна не може да не сфаќа дека сириските владини сили не примениле хемиско оружје. Дамаск едноставно нема, што во повеќе пати беше потврдено до страна на компетентни стручњаци“ потенцира Захарова, пренесува „Взгљад“.

Во петокот претседателот на Русија Владимир Путин и Советот за безбедност на Русија го оквалификуваа воздушниот напад на САД врз воздухопловна база во Сирија како чин на агресија. Како што потенцираше портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, нападите на САД се де факто извршени во интерес на милитантите на „Исламската држава“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња