„Взгљад“: Трамп целосно капитулираше пред американскиот естаблишмент

Порталот „Взгљад“ пишува дека нападот на САД врз сириската воздухопловна база дефинитивно значи крај на обидите на Доналд Трамп да води самостојна политика.

„Запомнете го овој датум – 7 април 2017 година, или според вашингтонско време, 6 април“, пишува „Взгљад“.

„На 7 април (6 по вашингтонско време) стана апсолутно, кристални јасно дека крстоносниот поход на Доналд Трамп против естаблишментот во Вашингтон доживеа целосен неуспех.

Трамп со својата посебна визија за надворешната политика, идеите за немешање во внатрешните работи на суверените држави и концентрацијата на американските интереси, со кои дојде на власт, ја призна својата целосна капитулација и се разоружа пред лицето на партијата и владата.

Кои се причините за ова: дали заканата од импичмент или уште посериозна закана? Или желбата да му докаже на светот дека „јас не сум проруски“ настроен. Или нешто друго?

Нападот на САД воздушната база во провинцијата Хомс се совпадна со нападот на ИД и покажа што се случува кога ќе ослаби владејачкиот режим.

Не е за чудење, продолжува „Взгљад“, одобрувањето од страна на Саудиска Арабија. Малку почудно е одобрувањето од Израел – ако ИД излезе н нивната граница, сите претходни интифади и дури и војните со арапските земји можат да се покажат како детска игра.

Дури и истурените претставници на администрацијата на Обама, како Џен Псаки, се незадоволни: и покрај тоа што Трамп дејствува без правна основа, без одобрение на Конгресот, без координација со партнерите и сојузниците, без да ги информира граѓаните на САД, и покрај тоа што таа смета дека само со воена сила не може да се победи во Сирија, таа ги постави следниве прашања до Трамп: дали претседателот на САД има дипломатски план, контакти со Русија, дали сфаќа каква ќе биде реакцијата на Русија и Иран и дали воздушните напади се дел од долгорочна воена операција, вклучувајќи и копнена?

„Взгљад“ смета дека на прашањето „што понатаму?“ САД немаат вистински одговор. Меѓутоа, јасно е дека задачата на вашингтонскиот естаблишмент е САД и понатаму да останат единствената суперсила. Задачата на воената индустрија и нивните лобисти е нови профитабилни нарачки. Задачата на Трамп е да се задржи на власт по секоја цена.

Во однос на обвинувањата за доаѓање на власт со помош на „руските хакери“ и многубројните цивилни жртви во Ирак методиката за одвлекување на вниманието не е променета – тоа е војната.  

Москва засега мошне воздржано реагираше на последното воено вмешување на САД во работите на една суверена држава: Владимир Путин лично не даде изјава, а прес-службата на Кремљ објави официјално соопштение.

Нафтата по американскиот напад поскапе – како што секогаш поскапува за време на глобална нестабилност, финансиските пазари исто.

Светот ја чека реакцијата на Русија и одговорот на САД – што планира Вашингтон понатаму. Едно е јасно – Доналд Трамп веќе нема да може да ги исполни своите предизборни ветувања. Одлуките нема да ги донесува тој – само ќе го исполнува тоа што ќе му кажат.

И до каков степен на огорченост може да дојде ситуацијата до почетокот, би сакале да веруваме, на неминовната релаксација, во моментов е многу тешко да се каже“, заклучува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња