САД ноќеска извршија масовен напад со 59 ракети врз база на Военото воздухопловство на Сирија. Доналд Трамп ги нарече дејствијата на Вашингтон одговор на примената на хемиско оружје од страна на сириските владини сили.
„Претседателот Путин ги смета американските напади врз Сирија за агресија против суверена држава кој ги прекршува нормите на меѓународното право, притоа со лажен изговор“, изјави Песков, пренесува РИА „Новости“.
Тој потенцираше дека сириската армија нема резерви на хемиско оружје.
„Фактот на уништување на сите резерви со хемиско оружје на Вооружените сили на Сирија беше регистриран и потврден од ОЗХО – специјалниот оддел на ООН“, потсети тој.
Портпаролот на Кремљ истакна дека, според мислењето на Путин, целосното игнорирање на фактот дека милитантите употребуваат хемиско оружје „суштествено ја влошува ситуацијата“.
Според Песков, Путин исто така смета дека Вашингтон се обидува „да го одвлече вниманието на меѓународната заедница од многубројните жртви меѓу цивилното население во Ирак“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче