„Како и да се свртите, се чини дека руските власти ја загубија битката, но ситуацијата не е толку безизлезна“, пишува Бабицки.
„Надежите дека ќе појави руско-американска антитерористичка коалиција се сѐ помали, но слабоста на американскиот претседател кој по нечија наредба ги прави истите грешки како и неговите претходници – си игра војна – го руши угледот на новата администрација како политичка сила која е во состојба да воведе ред во светот.
Во најблиска иднина нема ништо да се промени“, смета експертот. Русија ќе изгледа како губитник, но Западот сѐ подобро ќе почне да сфаќа дека Америка продолжува да ги преминува границите обидувајќи се да глуми светска совест. „И ако мислите дека тоа сфаќање еден ден нема да пукне како чир – се лажете“.
Тој факт со секој „Томахавк“ ќе биде сѐ поочигледен, и оние кои денес брзаат да ја поддржат која било погрешна одлука на американската администрација срамежливо ќе замолкнат кога граѓаните на Европа (не елитата) конечно ќе сфатат дека Америка поради својата политичка слабост ги урива самите урнатини на современиот Исток.
А тоа што Русија го суспендираше меморандумот со САД за избегнување на инциденти во Сирија зборува само за тоа дека руските ПВО-системи повеќе нема да бидат само украс во големиот филм за крвавата војна, смета експертот Андреј Бабицки.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче