Експерт: Русија е вовлечена во смртоносна стапица

Воениот кореспондент на весникот „Комсомолскаја правда” Дарја Асламова изнесува свое видување на ситуацијата пред нападот на САД врз сириската воздухопловна база.

„На 29 март 2017 година Турција неочекувано соопштува дека ја завршила операцијата „Штитот на Еуфрат“ и ја повлекува војската од Сирија. Со што предизвикува изненадување кај аналитичарите. За што се работи? Турција се откажа од своето вкусно парче на колачот? А веќе на 30 март 2017 година во Анкара на разговори доаѓа државниот секретар на САД Рекс Тилерсон. Тајни преговори. Можеме ли да претпоставиме дека токму тогаш сојузниците го сковале подмолниот план?

А веќе на 4 април се случи неочекуваниот напад со хемиско оружје во сирискиот град Хан Шејхун во провинцијата Идлиб (Недалеку од турската граница и на територијата контролирана од турската армија, од каде наводно турската војска е веќе повлечена). Загинаа повеќе од 100 цивили. Целиот свет е потресен од ужасните снимки од загинатите деца отруени од гас. Каде се префрлени телата на жртвите? Во турскиот град Адана од Идлиб. За тоа дека во нападот е користено хемиско оружје најпрвин соопштува министерот за правда на Турција Бекир Боздаг. Токму Турците ја вршат обдукцијата. Анкара веднаш инсистира на тоа дека нападот го извршиле сириските владини сили. Министерот за здравство на Турција Реџеп Акдаг тврди дека податоците ќе бидат испратени на дополнителна анализа во Хаг! (ни помалку ни повеќе).

Играта почна. Претседателот на САД Доналд Трамп изјавува дека тоа е „тажен ден за Русија“ (интересно, зарем не?). Сценографијата е поставена. Веднаш се појавува организацијата „Бели шлемови“, која соработува со Ан-Нусра, со хистерични изјави за тоа дека светот не смее да молчи. Сѐ тече според планот.

А веќе утрото на 7 април без објава на војна САД вршат воздушен напад врз Хомс. Сѐ уште нема никаква истрага, никакви докази, нема одлука на ОН. А војната веќе почна. На територијата која е натопена со крвта на не само сириските, туку и руските војници.

Тилерсон изјавува дека Русија не ги исполнила своите обврски за уништување на хемиското оружје во Сирија. (А што е со хемиското оружје на терористите? Молк). Израек, кој е крајно потресен од убиството на сириските деца, целосно ја поддржува одлуката на САД за воздушен напад. Си-Ен-Ен пишува дека Трамп бил „многу погоден од фотографијата на загинатите деца“. Јасно е дека цел Пентагон лее солзи.

Целта на операцијата е да се урне Асад и од Сирија целосно да се истера Русија. Да се преземе играта и да нѐ остават со празни раце. За нас дојде моментот на вистината. Ако Русија покаже слабост, не само што ќе нѐ избркаат од Блискиот Исток, туку ќе се најдеме и во состојба на глува и тешка одбрана. На сите геополитички фронтови”, пишува Дарја Асламова за „Комсомолскаја правда”.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња