Експерт: Нападот на САД е компромис меѓу Трамп и Путин

Ноќниот напад на САД врз Сирија е компромис меѓу Вашингтон и Москва, смета колумнистот, доцент на Финансискиот универзитет при Владата на РФ Геворг Мирзојан.

Американскиот напад врз сириската војска не е почеток на голема операција на Трамп против Асад, Иран и Сирија, затоа што Трамп не е толку наивен да не сфаќа дека војната е стапица која им противречи на сите негови концепти на надворешната и внатрешната политика, пишува Мирзојан за „Комсомолскаја правда“. А од друга страна, додава, Трамп не можеше да не одговори и да не се обиде да го сочува имиџот на силен лидер. Американскиот претседател режираше мало, но многу скапо шоу. А во тоа му помогна Русија, пишува експертот.

„Резултатот е следниов: противниците на Трамп аплаудираат, Москва, Техеран и Дамаск негодуваат, СБ на ООН заседава, а потоа... ништо“.

Вашингтон дури и даде до знаење дека нема да оди понатаму. Претставникот на Пентагон изјави дека бомбардирањето на аеродромот Шајрат е сосем доволен одговор за Асад за примената на хемиско оружје. Трамп реши исклучително тактички задачи“, смета Мирзојан.

„Дека сѐ е направено во договор со Русија сведочи тоа што Москва „не ги забележа“ американските ракети, не ги соборуваше, ниту пак го нападна американскиот воен крстосувач. А постоеше и договор со Сиријците, затоа што 59 крстосувачки ракети (во вредност од преку 100 милиони долари) причинија минимална штета“, пишува Мирзојан.

„И Русија може да биде задоволна. Од една страна, нападите на САД врз Сирија ја ставаат Русија во незгодна положба, но Кремљ сфаќа дека Трамп мораше да покаже заби, затоа што ситуацијата би можела да биде уште понепријатна. Почнувајќи ја од инвазија на копнените сили на САД во Сирија, па сѐ до сериозна радикализација на американската надворешна политика. Судејќи според сѐ, Кремљ сѐ уште верува во перспективата на руско-американските односи додека е Трамп на чело на државата, па реши да му направи услуга“, смета рускиот експерт.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња