Трамп: Хемискиот напад во Сирија е многу тажен ден за Русија

Претседателот на САД Доналд Трамп не ја смета Москва за вмешана во наводниот напад со хемиско оружје во сириската провинција Идлиб, но истакна дека „за Русија тоа е многу тажен ден, затоа што тие се поврзани (со сириската влада)“.

„Мислам дека сето тоа е многу тажно. Според достапните информации, тоа го направила токму Сирија. Но, за сите кои се во сојуз со Сирија, тоа е тажно“, изјави Трамп за „Њујорк Тајмс“.

Запрашан дали смета дека инцидентот во Идлиб „зборува за улогата на Русија во Сирија“, Трамп одговори дека, според неговото мислење“, „за Русија тоа е многу тажен ден, затоа што тие се поврзани (со сириската влада)“, на чија вина наводно „укажуваат сите информации“. 

„Зошто тие (сириските власти) го направија тоа, кој знае“, изјави претседателот на САД, додавајќи дека „во Сирија не би требало да се случува тоа“.

Тој не сакаше да одговори на прашањето дали има намера да ја контактира Москва за инцидентот во Идлиб, затоа што „никогаш не открива што прави по воена линија“.

„Едноставно не зборувам за тоа“, изјави тој, додавајќи дека не дискутира, на пример, „како да постапи со Сирија“.

Трамп повторно изјави за одговорноста на администрацијата на Барак Обама за ситуацијата во регионот, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња