Машиновозачот Александар Каверин, кој претходно доби државна награда за спасување на патниците при експлозијата во метрото во Санкт Петербург, ги даде собраните средства на жена која настрада во терористичкиот напад.
„Сакам да изјавам. Добив информација дека некоја организација собрала пари за мене во знак на благодарност. Сметам дека ништо не ми треба и решив да ѝ ги дадам на жената кој во моментов е на Институтот за итна нега „И.И.Џанелиѕе“, ѝ ја ампутираа ногата“, изјави Каверин, пренесува ТАСС.
Според него, во моментов повреденат е обезбедена со сѐ, но во иднина ќе треба да ѝ се помогне. Машиновозачот не ја прецизираше сумата што била собрана за него.
На 3 април во метрото во Санкт Петербург, како резултат на терористички напад, загинаа 13 луѓе и терористот кој ја активираше експлозивната направа. Беа повредени повее од 50 луѓе.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче