Во 2003 година државниот секретар на САД Колин Пауел покажа на состанок на Советот за безбедност епрувета во која наводно имаше примероци на хемиско оружје, како доказ за потребата од воена акција против Ирак, каде на крајот не беше пронајдено хемиско оружје.
Захарова го искористи ова како пример, зборувајќи за инцидентот во градот Хан Шејхук во сириската провинција Идлиб.
„Вашите претставници деновиве ќе донесат, веќе донесоа во Советот за Безбедност документ кој е целосно фалсификуван, целосно основан на лажни информации. Едноставно Колин Пауел број два. Ќе се срамите потоа за постапките на вашите власти во СБ на ООН, запрете ги вашите претставници, му се обраќам сега на западниот аудиториум“, изјави Захарова.
Москва категорично нема да ја прифати предложената предлог-резолуција, додаде таа. Според неа, основниот недостаток на овој документ е во тоа што тој ги „предвидува резултатите на истрагата и едноставно веднаш ги определува виновниците“.
„САД, Франција, Велика Британија уште еднаш подметнаа – не може на кој било друг начин да се нарече тоа, тоа не е поднесување – во Советот за безбедност на ООН предлог-резолуција која е од отворено антисириска природа и е способна уште повеќе да ја вжешти и онака сложената внатрешнополитичка ситуација во Сирија и во регионот во целина“, истакна портпаролот на МНР на Русија.
Притоа Москва се залага за спроведување целосна истрага за наводната примена на хемиско оружје во Идлиб „со цел да се разјасни навистина се случило и кој е одговорен за тоа“, потенцира Захарова, пренесува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче