Во Санкт Петербург се приведени шест лица по потекло од Средна Азија за помагање на терористичка активност, соопштува прес-службата на Истражниот комитет на Русија. Во операцијата учествуваа припадници на Истражниот комитет, полицијата, ФСБ и специјални единици на Росгвардија.
Според истрагата, осомничените од ноември 2015 година врбувале на подрачјето на Санкт Петербург иселеници од републиките од Средна Азија за учество во терористичките организации „Џебхат ан-Нусра“ и „Исламска држава“.
Во моментов се вршат претреси на домовите на осомничените. Оперативците одземаат исламска екстремистичка литература, предмети и документи кои се од важност за истрагата на кривичното дело.
Од Истражниот комитет истакнуваат дека во моментов нема податоци за врски и познанство со извршителот на терористичкиот напад во петербуршкото метро, пренесува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче