Ова го соопшти Министерството за надворешни работи на Русија.
„На 11-12 април во официјална посета на Москва ќе престојува Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон. Ова е негова прва посета на нашата земја како раководител на дипломатскиот ресор на администрацијата на Доналд Трамп“, се истакнува во соопштението.
Министерството истакнува дека последниве години „на иницијатива на претходните вашингтонски власти руско-американските односи се најдоа во длабока криза“.
МНР на Русија додава дека позитивно го оценуваат стремежот на новото раководство на САД за менување на ситуацијата кон подобро.
Од друга страна, Стејт департментот на САД на својот сајт соопшти дека Тилерсон во текот на посетата на Москва ќе разговара со шефот на МНР на Русија Сергеј Лавров за ситуацијата во Украина, во Сирија, Северна Кореја, прашањата за борбата против тероризмот и билатералните односи, пренесува RT.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче