Претседателот на Русија Владимир Путин изјави за потребата од тесна координација на специјалните служби за ефикасна борба против меѓународниот тероризам и екстремизам, се вели во објавеното на сајтот на Кремљ поздравно писмо до учесниците на XIV седница на Советот на раководителите органите за безбедност и разузнавачките служби на државите-членки на СНД за прашања поврзани со разузнавачката работа.
„За ефикасна борба против меѓународниот тероризам и екстремизам, решавање на други прашања кои се однесуваат на обезбедувањето на мирот и безбедноста, потребна е тесна координација на работата на безбедносните служби. Токму јасната, усогласената соработка, навремената размена на оперативни и аналитички информации ќе овозможат успешно спротивставување на денешните предизвици на просторите на ЗНД“, се вели во соопштението што го пренесува ТАСС.
Шефот на руската државата потсетува дека пред 25 години беше потпишан договорот „За основните принципи на соработката на органите за безбедност на разузнавачките служби на земјите-членки на ЗНД“. „Во текот на изминатото време, вашето партнерство се здоби со стабилен, продуктивен карактер, на дело ја потврди својата потребност и актуелност“, додава рускиот претседател.
Путин изрази уверување дека на состанокот ќе се дискутира во детали за најважните прашања и ќе се дадат најперспективни насоки за соработка.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче