Медведев нареди формирање на групи за брза реакција за заштита на метрото

Русија ќе формира групи за брза реакција за заштита на метрото од незаконски интервенции, се вели во указот на владата на РФ.

Премиерот на Русија Дмитриј Медведев нареди да се формираат групи за брза реакција за заштита на метрото од незаконски интервенции. Соодветниот указ е објавен на сајтот на владата.

Во документот се вели дека „специјално опремени и мобилни“ патроли ќе вршат деноноќна служба. Нивна задача ќе биде реакција на „незаконска интервенција“ во работата на метрото.

Медведев исто така наложи во рок од три месеци да се оцени ранливоста на подземната железница, пренесува РИА „Новости“.

Безбедноста на метрото во руските градови ја обезбедуваат полицијата и припадниците на службата за безбедност на метрото.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња