Фијон повика на сојуз со учество на Русија против исламскиот тероризам

Кандидатот за претседател на Франција Франсоа Фијон изјави дека треба да се направи сојуз и со Русија за борба против исламскиот радикализам.

Франција треба да иницира создавање меѓународна алијанса со учество на Русија за борба против радикалните исламисти, смета кандидатот за претседател на земјата Франсоа Фијон.

„Франција не претендира на улогата на светски џандар. Франција нема да го реши прашањето со Сирија. Но, потребно е Франција да инспирира создавање меѓународна алијанса, вклучително, со учество на Русија“, изјави Фијон во текот на предизборните дебати, пренесува РИА „Новости“.

Претседателските избори во Франција ќе се одржат на 23 април и 7 мај. Според последните анкети, кандидати за вториот круг на гласање се поранешниот министер за економија Емануел Макрон и лидерот на партијата „Национален фронт“ Марин Ле Пен. Притоа повеќе од една третина од избирачите немаат намера да учествуваат во гласањето.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња