„А. Меркел и Ф. Оланд изразија длабоко сочувство во врска со варварскиот терористички чин во метрото на Санкт Петербург, побараа да им се пренесат зборовите на искрено сочувство до семејствата на загинатите и желби за најскоро заздравување на ранетите“, се вели во соопштението на прес-службата.
Покрај тоа, политичарите ја истакнаа важноста од заедничка работа во областа на борбата со тероризмот и се договорија да ја активизираат размената на информации меѓу специјалните служби.
Страните исто така го разгледаа украинското прашање, ставајќи акцент на важноста од обезбедување постојан режим на прекин на огнот на линијата на разграничување во Донбас.
„В. Путин одново ја акцентираше неопходноста од најскоро укинување од страна на Киев на блокадата на регионот и преземање неодложни мерки за решавање на социјално-економските проблеми на населението на Донбас, како што е предвидено со минскиот „пакет-мерки“, потенцира прес-службата на Кремљ, пренесува RT.
Претходно Меркел ја нарече експлозијата во САнкт Петербург „кукавички напад“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче