На Ајфеловата кула ќе нема светла во спомен на жртвите во Санкт Петербург

Во Париз во спомен на жртвите на терористичкиот напад во Санкт Петербург ќе бидат изгаснати светлата на Ајфеловата кула.

Во спомен на жртвите на терористичкиот напад во метрото во Санкт Петербург на Ајфеловата кула ќе бидат исклучени светлата ноќта на 5 април, соопшти на „Твитер“ градоначалничкта на Париз Ан Идалго.

Претходно Истражниот комитет на Русија го потврди идентитетот на мажот кој го изврши терористичкиот напад во метрото. Станува збор за Акбаржон Џалилов, роден 1995 година. Според заклучоците на експертите, бомбата во вид на апарат за гаснење пожар била активирана во непосредна близина на Акбаржон Џалилов. Бомбашот-самоубиец, очигледно, го носел ранецот во кој била бомбата.

На 3 април во 14:40 часот во подземната железница во Санкт Петербург експлодираше бомба. Експлозивната направа била активирана во вагон и истата била со јачина еквивалентна на 300-500 грама ТНТ. Загинаа 14 лица, околу 50 беа ранети, пренесува „Комерсант“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња