Извршителот на терористичкиот напад во Петербург е веројатно од Киргистан

Комитетот за национална безбедност на Киргистан е во постојан контакт со руските колеги кога станува збор за истрагата на терористичкиот напад во Санкт Петербург.

Извршителот на терористичкиот напад во Санкт Петербург, според првичните податоци, потекнува од Киргистан и е државјанин на Русија, соопшти портпаролот на Државниот комитет за национална безбедност на Киргистан Рахат Сулајманов.

„Да, според првичните информации, тој е роден во Киргистан, државјанин е на Русија“, изјави тој, пренесува РИА „Новости”.

Сулајманов соопштио дека Комитетот за национална безбедност на Киргистан е во постојан контакт со руските колеги кога станува збор за истрагата на терористичкиот напад во Санкт Петербург.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња