Бројот на жртви на експлозијата во метрото во Петербург се искачи на 14

Бројот на жртви на експлозијата во петербуршкото метро се искачи на 14, соопшти министерката за здравство на Русија Вероника Скворцова.

Претходно беше соопштено за 11 загинати и 45 повредени.

„Денеска може да се констатира смртта на 14 лица, 11 починале на местото на настанот а тројца починаа во агонија од повредите кобни по животот“, изјави таа, пренесува РИА „Новости“.

Според неа, во болниците во Петербург остануваат 49 ранети. Нивниот список е објавен на сајтот на регионалната управа на Министерството за вонредни состојби на Русија.

Како што соопшти губернаторот на Санкт Петербург Георгиј Полтавченко, 12 ранети се во тешка состојба.

Според податоците на градоначалникот, меѓу настраданите има 17 жители на другите региони на Русија, како и тројца странци – од Белорусија, Таџикистан и Узбекистан.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња