Берлин објасни зошто не ја осветли Бранденбуршката порта во боите на Русија

Основа за осветлување на Бранденбуршката порта со боите на знамето на земјата каде што се случил терористички напад се или партнерски односи на погодениот град со Берлин, или „посебен однос“ спрема трагедијата, изјави портпаролот на Сенатот на Берлин Клаудија Зиндер.

„Одлуката во случајот со Санкт Петербург не е прва од ваков вид. Сетете се на терористичкиот напад во Канада, во Квебек. И тогаш, исто така, немаше осветлување, бидејќи град-партнер е Монтреал“, изјави таа, пренесува „Взгљад“.

Таа истакна дека, судејќи според интересот што се појави во медиумите, германските граѓани го гледаат Санкт Петербург поблиску од Квебек, меѓутоа, „правилата за Бранденбуршката порта сепак се идентични“.

Зиндер потенцира дека „сочувството и жалењето поради терористичките напади апсолутно не зависат од постојното партнерство“ и политичките односи. Меѓутоа, според неа, терористичките напади стануваат сѐ почеста појава во целиот свет.

Таа, исто така, повика да не се смета осветлувањето на Бранденбуршката порта како единствен голем гест можен во наведената ситуација.

Отсуството на „руски“ бои на Бранденбуршката порта ги налути корисниците на германските социјални мрежи. Луѓето предложија промена на правилата и да се воведе траурно осветлување на главната порта на германскиот главен град „за сите или за никого“.

По терористичките напади во Париз, Берлин, Истанбул и Лондон, кои имаат официјално партнерство со Берлин, Бранденбуршката порта беше осветлувана во боите на тие земји. По престрелката во геј-клубот во Орландо, портата беше осветлена во боите на знамето на ЛГБТ-движењето.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња